Во првата недела од Великиот пост кога Црквата Христова си спомнува за победата на Православието над иконоборците, настан што се случил во 9-от век, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија отслужи света Василиева Литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица, на која во ѓаконски чин беше ракоположен завршениот богослов Игор Острески. По Литургијата беше приредена свечена академија.
Скопска Епархија