„ Безнадежноста е загуба на свеста дека Бог сака да ни даде вечен живот. Светот живее во безнадежност. Луѓето самите себе се имаат осудено на смрт. Животот на светот е устроен околу некоку човечки страсти, а духовниот живот се наоѓа на периферијата. Должни сме да направиме пресврт во ваквата состојба на работите, да го поставиме духовниот живот во срцето на нашиот живот. Мудроста на овој свет не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно со идеите на овој свет, туку да Го следиме Христа. Како можеме да го најдеме својот пат. Според Евангелието Христос Е нашиот пат. Христос рече: “ Јас сум патот.“ Ако Е Он патот, должни сме да Го следиме не надворешно, туку внатрешно. И да помниме оти на Голгота и во Гетсиманската Градина се бореше против сите. Сам! “ - Старец Софрониј
Извор: фејсбук страна на Моника Николова