Благата вест за зачнувањето на Спасителот, Господ Исус Христос во утробата на Пресветата Дева Марија, на која великиот архангел Гавриил и се јави во архангелска светлина и и рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“, е пречекана со огромна радост во срцата на православните верници ширум светот. Така и годинава, голем број на верници во Велес го посетија храмот „Успение на Пресвета Богородица“ за повторно и повторно да ја слушнат благата вест. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието.
На Архиерејската Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, молитвено присуствуваа голем број на верници. Митрополитот Агатангел во својата празнична проповед зборуваше за најблагата вест, која може да ја обземе православната христијанска душа.
Посети:{moshits}