Во неделата посветена на Светиот Јован Лествичник, во храмот Свети Спас во населбата Драчево во Скопје беше отслужена Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
„ Поминувајќи ја средината на ова свето време на Постот, радосно да поитаме кон преостанатото, помазувајќи ги душите со елеј на милосрдие, за да се удостоиме да се поклониме на Божественото страдање на Христа, нашиот Бог, и да го дочекаме Неговото страшно и свето Воскресение.“
„Помогни ни, Господи, со светиот Јован Лествичник, како вдахновение, и ние постепено во дејание да го поминуваме ова свето време на воздржание и пост, за повторно да Те најдеме и во љубов и смирение да имаме удел во заедницата со сите ближни, великиот дар на Твојата љубов, чекајќи го денот на Твоето велико и свето Воскресение. Амин. “
Посети:{moshits}