На 09.01.2015 година на денот кога Православната црква го слави св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот Св. вмч. Димитриј. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ. Од името на свештенството и верниот народ му го честитаме именденот на нашиот Архипастир.
На многаја лета блаженејшиј владико!
Извор: Скопска епархија