- На 19 декември 2014 година, кога Црквата го прославува светиот чудотворец Николај, архиепископот Мирликиски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, го преосвети храмот на свети Никола во Куманово и служеше Света Златоустова Литургија. Пред почетокот на Божествената Литургија, богословите Андреј Ивановски, Теофил Гроздановски и Никола Димиќ беа ракопроизведени во чтеци. На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен протоѓаконот Антониј Петрушевски, а во ѓаконски чин беше ракоположен монахот и ипоѓакон Симеон. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Кумановско- осоговска епархија