Скопје, 22-ри ноември 2014 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
- На 22-ти ноември 2014 година, во дваесетитретата недела по Педесетница , кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Светите маченици Онисифор и Порфириј; Преподобен Јован Колов; +Преподобна Матрона Цариградска; Преподобен Ефтимиј Дохијарски и неговиот ученик Неофит; Свети Симеон Метафраст; Преподобна Теоктиста Пароска; Свети Нектариј Егински; , во скопскиот храм на Рождество на Пресвета Богородица, ереј Игор Димитриевски во сослужение на ѓаконот Зоран Велковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
- При исполнувањето пак на Исусовата молитва и воопшто на молитвата, целосна и верна заштита е смирението наречено плач. Плачот е срдечно чувство на покајание, спасителна тага, заради гревовноста и разнообразните, многучислени слабости на човекот. Плачот е смирен дух, срце понизно и смирено кое Бог нема да го отфрли, т.е. нема да го предаде во власта на демоните како што го предава гордото срце, исполнето со самоувереност, самопреценување и суета. Плачот е онаа единствена жртва која Бог ја прима од паднатиот човечки дух до обновувањето на човечкиот дух од Светиот Дух Божји. Нека биде нашата молитва проникната од чувството на покајание, нека се соедини со плачот и прелеста никогаш не ќе подејствува во нас.
Преминпортал (к.т.)