На 21.11.2014, на празникот посветен на Собор на св. Архангел Михаил во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на архиерејскиот намесник протоереј Дарко Наумовски, протоереј Предраг Исаески и ѓакон Марјанчо Мадевски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска еоархија