Скопје, 07.11.2014 год.- Соборен храм - Св. Климент Охридски
- Во дваесет и првата недела по Педесетица, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го слави споменот на Светите маченици Маркијан и Мартириј и Света Тавита, во Соборниот храм во Скопје, старешината на храмот. о. Сасхо Николовски во сослужение на ѓаконите Методија Митановскии Даниел Џепчиќ отслужи Божествена Литургија. Вениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
- Владимир Лоски
- Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен. Без духот, срцето е слепо, лишено од управување. Затоа е потребно да се најде хармоничен однос меѓу духот и срцето, за да се организира, да се гради личноста во благодатта, бидејќи патот на единството не е бесвесен процес. Тој пат претставува постојана будност на духот, непрестаен напор на волјата.
Преминпортал (к.т.)