Душата е умно создание ( творевина) , голема и чудесна, преполна со убавина, подобие и образ Божји. (преп.Макариј Велики)
- Од сите вредности кои човек ги поседува, една е неспоредливо подрагоцена од другите - тоа е човечката душа. Душата е образ Божји, кој ја нацртал Самиот Бог. Таа е дух. Таа е слободна и бесмртна и треба да биде чиста, светла и преполна со љубов како образ Божји. Напорите на христијанинот пред се треба да бидат насочени на проучување на својата душа, на „спознавање на самиот себеси“. И на оние кои ќе го следат овој правец ќе им биде полесно да ја достигнат главната цел на својот живот: стекнување на Светиот Дух и преку тоа - преобазување на својата душа, нејзино вподобување на Бог. Од степенот на самоспознавање зависи и тоа како човек го појмува тоа што го опкружува. “Низ усмереност на човечкиот дух кон внатре, кон себе, и умот потоа се насочува кон Бог, одвраќајки се од бесконечното мноштво на манифестации на светот и со сета сила се свртува кон Бог, и пребивајќи во Бога, се гледа и себе, и целиот свет.
- Подготви: С.С.