Скопје, 27.10.2014 год.- Соборен храм - Св. Климент Охридски
-
Во дваесеттата недела по Педесетица, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го слави споменот на Преподобна Параскева (Петка) , во Соборниот храм во Скопје,свештеникот Димче Ивановски во сослужение на ѓаконите Методија Митановскии Даниел Џепчиќ отслужи Божествена Литургија. Вениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Авва Марко
- И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат.
Преминпортал (К.Т./А.Б.)