"Неопходно е да се помине низ невољи, разни животни трзавици, тоа е школо на животот, совладување на секоја непријатност со мир и со тишина. Ако сме физички здрави, но сме оптеретени со своите грижи, немоќи па и нашите ближни ни се жалат на своите немоќи и тогаш и ние учествуваме во тоа, ако не умееме да се опуштиме, значи да ги предадеме своите немоќи, своите слабости и слабостите на ближните да ги предадеме на Господ, тогаш ние го носиме тоа големо оптеретување и нашиот нервен систем со време станува неиздржлив, стануваме нервозни.
- Не можеме да се поднесеме ни себеси па ни своите блиски и тогаш секако и во друштвото и во семејството животот е мачен, и на работното место, секаде. Мачен е животот затоа што нервите се многу преоптеретени, а не сме се извежбале да се опуштиме, мисловно треба да се опуштиме. Кога мисловно ќе се опуштиме и физичкото тело се одмора. Духот со помош на нервниот систем доаѓа во допир со физичкиот свет. Обрни внимание на мирот во срцето, нека биде таму тишина, мир и опушти се. Ако не можеш да се молиш, биди тих, немај никакви мисли, препушти го тоа на Господ, тој ќе го уреди тоа подобро од нас.“
Свет старец Тадеј
Подготви:С.С.