Премин Портал

Кожувчанка

 






    

Божествена Литургија во Водоча (19.10.2014 13:33)

Интересни верници

 

Секој сака да е некој, никој не сака да расте.
– Гете


 

 

  • Има две спротивставени врсти на верници. Едните наводно се држат до словото на светите канони, но Го промашуваат Духот; а другите наводно се држат до духот, но го промашуваат словото. За едните е напишано: „Словото убива, а Духот оживува“ (2 Кор. 3, 6). А за другите е напишано: „Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот“ (1 Јован 4, 1). Патот по кој тргнале и едните и другите не е вистинскиот – имаат соодветен недостаток во сведоштвото.


Еднаш веќе за ова посредно пишував: „Внимавајте, разните поделби во нашиот поглед на нештата како: ...свето – несвето, храм – свет, чисто – нечисто, осветено – неосветено, заедница – раскол, Литургија – обична работа, итн. итн., да не случајно произлегуваат само и само од ненадминатиот внатрешен расцеп помеѓу основната функција на умот и неговото функционирање како разум“. Токму на овој внатрешен расцеп се должи и острастениот однос во разликувањето помеѓу: да си на власт и да не си, да си богат и да не си (џип – фиќо, замок – колиба итн.), да си здрав и да не си, итн. итн. – состојби од кои многумина се непотребно и бесполезно измачувани; но тоа е друга тема.

Да се вратиме на нашата. Православниот пат е Бого-човечка синергија, односно благодатно и опитно надминување на внатрешниот расцеп помеѓу основната функција на умот и неговото функционирање како разум; односно интегрирање и исцелување на човековата личност. Со други зборови, тоа е друг квалитет или друго ниво на духовен живот, кое Отците на Црквата, покрај ‘просветлување на умот’, го нарекле и ‘природен начин на постоење’. Тоа е и стекнување на внатрешен критериум за вистината – усвојување на благодатта на Светиот Дух Господ.

Како да пораснеме со цел да ја достигнеме оваа духовна состојба? Ќе пораснеме единствено ако го восогласиме начинот на нашиот живот и степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, како и ако ги восогласиме нашето делување во Црквата и местото кое во Неа од Бог ни е доделено. Значи, сè додека сме на првиот степен од духовниот живот – очистување на затвореното срце од страстите (кој трае сѐ до добивањето на дарот на аскетската умно-срдечна молитва и отворањето на срцето за неа), ние треба да се трудиме единствено и единствено во подвигот на послушание, односно покајание. Дури и без оглед на тоа какво место или функција во Црквата заземаме.

Просветлувањето на умот или природниот начин на постоење е духовна состојба која се препознава по дарот на аскетската умно-срдечна молитва. Просто кажано, немаме ли умно-срдечна молитва, немаме ни просветлен ум; а ако веќе немаме просветлен ум, зошто тогаш без реална свештеничка позиција или должност – која тоа барем формално ни го овозможува, се правиме непрелесни учители, или апологети, или водачи, или спасители на Црквата? Не велам дека не треба да си го кажеме слободно и смирено своето мислење, но од каде и на што ја засноваме нашата таква и толкава самоувереност во настапот, а посебно кога му судиме на ближниот – на тоа секогаш се чудам? Начинот на ваквиот живот (без смирение во послушание и аскетска љубов кон ближните) не е восогласување со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме – очистување на затвореното срце од страстите, туку е паѓање од прелест во прелест. Особено ова ни го овозможува и на ова нѐ наведува своеволното, односно ненавременото и неумесното пишување по социјалните мрежи – за што конкретно и говорам.

Значи, словото на светите канони е сепак граница помеѓу благочестието и останатото, ама не од самото слово одредена, туку од Духот и само во Духот препознатлива – инаку ќе се претвори во идол. Така што, ако некој веќе нема Дух, многу е подобро – за почеток, да се држи до словото, зашто ако избере да се држи само до некаков дух, однапред нека знае дека тој дух е од оние паднатите. Да, за нас православните: „Во почетокот беше Словото“ (Јован 1, 1).

  • P.S. Свесен сум дека ретко кој од прозваните ќе ме послуша, но пишувам за оние кои сакаат низ истраен и правилен подвиг да го достигнат блаженството на чистите по срце – зашто тие Бог ќе Го видат, односно за оние кои сакаат да го достигнат блаженството на миротворците – зашто тие ќе се наречат синови Божји. А таквите сѐ уште постојат. Му благодарам на Господ.



 
Митрополит Струмички Наум   

 

 

 

 

 

 

 

Извор:  http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=6280


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная