логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




  Sample ImageSample Image

 Излезе од печат 31-то издание на списанието „Православна Светлина“.   Во овој број се сместени повеќе наслови во кои се објаснуваат различни аспекти на нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија, а истото можете да го читате во електронска верзија на линкот поставен на сликата. Како новина од овој број Ви ја претставуваме Едицијата „Житија“, која ќе биде додаток во секој нареден број на нашето списание, а во која ќе објавуваме житија на преподобни отци и старци. Во првиот број од оваа едиција го издадовме житието на Преподобниот и богоносен отец наш Сергиј Радоњешки. Во прилог можете да го прочитате и предговорот за оваа едиција.

Предговор за едицијата „Житија“

Светителите се живи сведоци на воскреснатиот Христос, најголемо сведоштво за присуството Божјо во Светата Православна Црква, показател дека благодатта сѐ уште се излева врз верниот народ, кога тој живее богоугоден живот, кога се подвизува со пост и молитва, кога се кае за гревовите, и кога се причестува со Телото и Крвта Христови. Оние кои достигнале совршена љубов, кон Бог, кон ближните, па дури и кон непријателите, Бог ги прославува на разни начини: некои со дар на чудотворство, некои со дар на проповед, некои со дар на утеха, некои со нетлени мошти итн.

Како предание во Црквата ни е оставено да ги почитуваме светителите, како наши учители и молитвеници пред Бога, но и да се поучуваме од нивните житија. Големо дело е да се составуваат, преведуваат и објавуваат житијата на светителите, а голем благослов добиваат оние кои ги читаат и го следат примерот на светителот чие што житие го читаат. Се радуваат и светителите од небесната Црква гледајќи дека не се заборавени, дека некој се грижи за ширење на нивниот свет спомен, дека некој ги чита и следи нивните поуки и пример, се молат за нас, нѐ благословуваат и ни помагаат во духовниот живот и во секоја неволја кога ги повикуваме.

Македонскиот православен народ во длабочината на своето срце е побожен народ, народ Христов, народ кој се угледува на Христа и од Него ја примил карактеристичната скромност, кротост и смирение. Нашиот народ многу ги сака и почитува светителите, за што ни сведочи огромниот број на храмови изградени во најтешките и најсиромашни времиња, огромниот број на семејства кои го слават празникот на некој светител како свој домашен закрилник, како домашна слава, како и присуството на икони во секое македонско семејство.

Разгорени од оваа љубов кон светителите, многу наши браќа и сестри од Повардарската епархија побараа од нас да издаваме брошури со житија на одредени светители, за да им бидат полесно достапни за читање во секое време. Затоа, поттикнати од оваа богоугодна желба, одлучивме како додаток на нашето списание „Православна светлина“, кое излегува веќе осум години, во секој број да објавуваме по едно цело житие на повеќе познати и непознати светители.

Во овие житија ќе сретнеме примери на многу светители кои биле архиереи, свештеници, ѓакони, монаси, но ќе сретнеме и такви кои немале никаков чин во Црквата, туку како обични верници се отповикале на љубовта Божја, и целиот свој живот го поминале угодувајќи Му на Бога, и со редовно присуство и учество во подвизите и Литургијата на Црквата. Без присуство и учество на Божествената Литургија никој не добил светост, затоа што Бог е таму најприсутен и таму сака да нѐ види сите нас, еднодушно собрани на молитва во светите храмови, на Светата Литургија.

Кога грешиме го имаме за соработник ѓаволот кој нѐ поттикнува на грев преку нашите страсти и слабости, а кога копнееме кон свет живот, тогаш ги имаме на помош светите ангели, светителите, Пресвета Богородица и Самиот Господ. Значи полесно е да стигнеме во царството небесно, имајќи такви помошници на тој пат, отколку да стигнеме во пеколот. Но, сѐ е оставено на нашата добра волја и одлучност.

Бог да ве укрепи во подвижничкиот живот, да ви даде сила да го следите примерот на светителите, било во брак или во монаштво, и Самиот Господ со Пресвета Богородица и светителите да ве научи како да стигнете до Него, во радоста на Царството Небесно.

Митрополит Повардарски г. Агатангел

Извор: Повардарска епархија


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

15/07/2026 - среда

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград; Св. Јувеналиј, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная