Свето Писмо е апликација која ја содржи Православната Библија на македонски јазик. Составена е од сите книги на Новиот и Стариот Завет. Овозможува лесен и брз пристап, за кој не е потребна активна интернет конекција. Нуди четири опции за големина на фонт. Ги памти последните три прочитани книги и глави за корисникот да може да продолжи со читањето. Во апликацијата се користи официјалниот превод на Светото Писмо на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, второто издание од 1991 г.
Sveto Pismo is the Orthodox Christian Holy Bible translated in
Macedonian language, containing both Old and New Testament. Offers the
users to read all the books in the Holy Bible, It also remembers the
last three books and chapters the user read and offers four available
font sizes. All the data in this app is local, so there is no need for
active internet connection.
„Свето Писмо“ - бесплатна апликација за Андроид (30.09.2014 13:10)
Од денес за корисниците на Андроид уредите е достапна апликацијата „Свето Писмо“ – на македонски јазик, во изработка на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“. Апликацијата ги содржи сите книги од Стариот и Новиот Завет. За користење на Светото Писмо не е потребна активна интернет конекција. Апликацијата може да се инсталира на уреди кои имаат минимум верзија 4.0 Android.