Скопје, 24- ти септември 2014 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
Во петнаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква го празнува споменот на свети Силуан Атонски и преподобен Ефросин готвач , во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј Победоносец во месноста Криви Дол, во Скопје, презвитер Горан Тасевски во сослужение на ѓаконите Игор Настоски и Гаврил Најдовски, отслужи Божествена Литургија . На крајот од Литургијата, отецот произнесе беседа.
Свети Исаак Сирин
Осени ја Господи Својата света Црква, искупена со Твојата Крв. Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владетелите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот, удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата света рака, ...што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.