На 28. 8. 2014 лето Господово, по повод преславниот празник на Успението Богородично, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештенослужители од Тетовското и Гостиварското архиерејско намесништво и во присуство на многуброен верен народ,во манастирот „Свети Атанасиј Велики“ во Лешок, (тетовско), отслужи света Божествена Литургија, а верниот народ се причести Светите Христови Тајни. По Литургијата беше прекршен славскиот колач. Во својата пропове Митрополитот Јосиф, раскажувајќи за денешниот празник, ја истакна потребата од знаење и доследното живеење на православната вера во духот на евангелските добродетели.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија