Митрополит Јосиф
Во похвалата за Макавеите, божествениот Григориј Богослов, меѓу другото, ни порачува:
„Еј свештеници, и мајки, и деца, да ги подражаваме Макавеите! Свештениците во чест на Елеазар, духовниот отец, кој и со зборови и со дела покажал најдобар пример! Мајките - за да се покажат навистина детељубиви како и оваа благородна Мајка, и на Христа да Му го принесат својот пород, за и бракот да им се освети со таквата жртва. Децата - почитувајќи ги свештените. Деца, за младоста да ја трошат не на срамни страсти, туку на подвизи против страстите, и благородно да се борат против секојдневниот Антиох (ѓаволот), кој нè напаѓа и прогонува на разни начини.
Така што оваа љубов кон подвижничките маченици да ја има во секое време, во секој народ и секоја генерација, за и преку Стариот и Новиот Завет во нас Бог да биде почитуван, Кој во Синот и Духот се прославува, Оној Кој прославува и Кој е прославуван“.
Добри пости и добар подвиг!