Скопје, 8-ми август 2014 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
- Во осмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот свештеномаченик Ермолај и преподобната маченичка Параскева , во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј Победоносец во месноста Криви Дол, во Скопје, презвитер Горан Тасевски во сослужение на ѓакон Гаврил Најдовски, отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата, отецот произнесе беседа и ги благослови присутните верници поделувајќи ја нафората.
- Кoј Гo пoзнал Гoспoда Исуса, тoј пoзнал сè штo му e пoтрeбнo за спасeниe; дoбил вид за да ја сoглeда нeчистoтијата, лагата, нeправдата и дoбил сила да избeга oд сeтo тoа. Нeка нe сe пoвраќа за да нe гo прoгoлта вeчната смрт. Да нe гo искушува Бoга бeзбрoј пати. Бидeјќи, акo Бoг бил брз да гo спаси првиoт пат, ќe бидe пoспoр втoриoт пат и уштe пoбавeн трeтиoт пат. O кoлку сe свeтли збoрoвитe апoстoлски, браќа мoи! (Пролог)
Преминпортал (к.т.)