Митрополит Куманодско- осоговски г.Јосиф
Без молитвата, нашиот духовен живот гладува, и жеден е, и умира, вели свети Јован Златоуст. А апостолот нè советува „Молете се непрестано“.
Многу луѓе прашуваат: „А како да се молиме? Немаме време, расеани сме...“. Одговорот е секогаш еден и ист: „Молете се, и Сам Господ ќе ве научи како да се молите“. Расположението за молитва доаѓа во самото време на молитва, како дар што Бог ни го дава кога го гледа нашиот напор.
Некој се моли од молитвеник, некој со свои зборови. Некому воздишката, или солзите, или доброто дело кое во името на Бога го твори му се прима како молитва, како подвиг.