Македонска Православна Богословија „Свети Климент Охридски”- н. Драчево, Скопје
На ден 28 март 2008 година, по Литургијата на Претходноосветените дарови во хрмот Св. Спас, во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски”, ја имавме честа во една многу кратка средба, да се сретнеме со Митрополит Повардарски г. Агатангел, ректор на Богословијата и поголема група на Богослови. Во светот полн со многу искушениа, во оваа духовна оаза, под татковската грижа на ректорот Митрополит г. Агатангел и професорите на Богословијата, во повеќегодишен континуитет излегуваат значајни генерации на идни духовни пастири на македонскиот народ.
Образовно-просветителскката дејност на Богословијата е од извонреден значај за духовната преобразба на македонскиот народ, и додека го проследуваме поздравувањето на богословите, љубовно и со татковска грижа дочекани од Дедото, се потсетуваме на големата духовна мисија која ја има нашата Света Македонска Православна Црква и одговорноста и грижата што ќе ја понесат овие нејзини идни пастири...
До следната средба со нив, се надеваме наскоро, молитвено ќе ги имаме во срцата.
На многаја лета!
Литургија на Претходноосветени дарови во Св. Спас- Скопје (28. 03. 2008)
Посети:{moshits}