120.000 поклоници го посетиле гробот на старец Паисиј на дваесетгодишнината од неговото блажено упокојување
Минатиот викенд (12 и 13 јули 2014 година) околу 120 илјади поклоници (возрасни и деца) го посетиле гробот на старец Паисиј Светогорец, на дваесетгодишнината од неговото блажено упокојување. Голем број од поклониците не можеле да влезат во црквата, создавајќи долги линии за да се поклонат пред неговиот чесен гроб, во кои чекањето траело по околу 4 часа.
Во манастирот на св. Јован Богослов и св. Арсениј Кападокиски, кадешто се погребени моштите на светиот старец, во очи на годишнината била отслужена Архијереска Вечерна богослужба и панихида на која молитвено учествувале околу 50.000 луѓе. Утредента била отслужена Архијерејска Божествена Литургија. Поради голема посетеност, верниот народ се молел во дворот и околината на манастирот.
Извор: Правмир
Преземено од: Кумановско- осоговска епархија