На 7.07.2014 година, на празникот на Рождеството на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово и во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Александар Зашов. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Кумановско- осоговска епархија