На 29. 06. 2014, со благослов на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Лешочкиот манастир свечено се отвори духовно културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“. Во новоотворениот духовно културен центар под раководство на маестро д-р Ивица Зорич се одржа ХХIII меѓународен фестивал на православна духовна музика. На вториот ден од фестивалот учество земаа градскиот женски младински хор „Менада“ – Тетово, камерен хор „Butelion Classics Chorus“ – Битола, младински црковен хор на Повардарска епархија „Св. Кирил и Методиј“ – Велес, градски хор „Свето Благовештение“ – Прилеп, хорско студио „Рустико“ женски хор „Рустико“ – Скопје, мешан хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола, камерен женски хор „Св. Злата Мегленска“ – Скопје, друштво на пријатели „Rozafa Expression” – Скадар-Албанија, академски хор „СКЦ“ – при Универзитетот во Ниш-Ниш Србија, академски мешан хор „Гусла“ – Софија-Бугарија.
Извор: Тетовско -гостиварска епархија
Синиша Георгиев