„Гревот станува грев, не тогаш кога во нас има извесно искушение и ние се бориме со него, туку тогаш кога му се предаваме.Во оваа смисла, во житијата на светите, ние имаме чудесен пример за разликата во Божјиот Суд над искушението, мотивот и над самото дејство.
Имало еден свештеник-монах, кој секогаш кога крштевал жени се возматувал во срцето. И тој започнал да му се моли на св.Јован Крстител да го ослободи од таа гревовна бура. Св.Јован му се јавил и му рекол: “Јас можам да измолам од Бога да те ослободи од ова искушение, но ти ќе го загубиш маченичкиот венец. Продолжи да се бориш против оваа страст и никогаш немој да и се предаваш, зашто тоа е твојата борба против злото, во името Христово. Ако те ослободам јас, ти повеќе нема да бидеш борец за Христа“.
Друго:
- Во Лондон одбележана стогодишнината од раѓањето на Сурожскиот Митрополит Антониј
На 19 јуни 2014 година, во Лондон била одбележана стогодишнината од раѓањето на блаженоупокоениот Сурожски Митрополит Антониј (Блум). Според информациите од сајтот на Сурожската епархија, на 19 јуни во лондонскиот Успенски храм, во присуство на голем број верници, била отслужена Божествена Литургија со која началствувал Сурожскиот Архиепископт Јелисеј во сослужение со епархискиот викар, Архиепископот Керченски Анатолиј и свештенството од храмот.
После Литургијата бил отслужен помен на Митрополитот Антониј, а во црковната библиотека бил одржан свечен прием. Оваа, 2014 година, Сурожската епархија ќе организира низа свечености посветени на јубилејот на својот основач.
Извор: Правмир.ру