Скопје, 9-ти јуни 2014 год,- храм на св. пророк Илија
На празник на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на втор ден Духовден , Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф отслужи Божествена Литургија во храмот на св. пророк Илија во скопската населба Јане Санадански. На Литургија верениот народ се причести со Светите Тајни Христови. По Литургијата Архиепископот во својата беседа говореше за значењето и големината на празникот на Слегувањето на Светиот Дух.
Денес, во Општина Аеродром, во присуство на амбасадорот на Руската федерација г. Олег Шчербак и градоначалникот на Град Скопје г. Коце Трајановски и на Општината Аеродром г. Ивица Коневски, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите г. Наум и г. Јосиф, осветија камен темелник за изградба на новата црква Св. Троица , чиј ктитор ќе биде рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко со фамилијата.
Преминпортал (к.т.)