На денот кога Православната црква славно си спомнува за чинот на слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во центарот на Скопје. По традиција, откако заврши Литургијата се отслужи Вечерна богослужба на која свештенослужителите и верниците коленоприклонети испросија молитви за слегување и облагодарување на нивните души од Светиот Дух.
ж
Извор: Скопска епархија,
Александа Божиновски