„Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата. И така секој од вас да си ја сака жената своја како што се сака самиот себе, а жената да се бои од мажот свој.”
(Ефес.5,31 -33)
Свештеникот Стефче Беќарски во сослужение на свештеникот Михаил Таневски, на празникот на светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен, ги обедини во Светата Тајна Брак рабите Божји Борче и Вања. Венчавката беше извршена во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец.
Преминпортал (к.т.)