На 27. 05. 2014 (вторник), со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, се одржа промоција на книгата „Соборните храмови во македонија од времето на преродбата“. Книгата е дело на нашиот најпознат истражувач на богатото културно наследство на нашата земја, проф. д-р Димитар Ќорнаков. Со слово кон ова богоугодно дело се обрати Митрополитот Агатангел, како и г-дин Раде Силјан, а пред присутните се обрати и авторот, г-дин Димитар Ќорнаков.
Димитар Ќорнаков (роден 1927 година во Стојаково) е автор на монографските дела: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“, „Македонска резба“, „Македонски манастири“, „Резбарски центри во Македонија“, „Петре Гарката“, „Од Првиот грев до Страшниот суд“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Копаничарот Макариј од Галичник“, „Полошки манастир Св. Ѓорѓи“, „Слимнички манстир“, „Царски двери“, „Копаничарот Димитар Станишев од Крушево“, „Од Рождество до Распетие и Воскресение“ и др.
За своето творештво е добитник на бројни општествени признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.
Извор: Повардарска епархија