На 29. 05. 2014, кога црквата го слави празникот на Вознесението на Господ Исус Христос (Спасовден) Неговото високопреосвештенство, Митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи Света Архијерејска Литургија во манастирскиот комплекс „ свети Атанасиј и света Богородица“ село Лешок, во сослужение на игуменот на манастирот Теодосиј, Архијерејскиот, намесник протојереј Дарко Наумоски и парохискиот свештеник Александар Стојаноски. Пред Литургијата за чтец и ипоѓакон го ракопроизведе завршениот богослов и дипломиран теолог Марјанчо Мадевски, а на Литургијата го ракоположи во чин ѓакон. Ова е прво ракополагање кое го изврши нашиот надлежен епархиски архиереј. По Литургијата Митрополитот г. Јосиф одржа пригодно слово за празникот и го поучи новоракоположениот ѓакон. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Таинства.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија
Синиша Георгиев