Благодатта – е божествена сила, која што дејствува насекаде, а особено во тие души, кои што со сето срце се стремат кон изворот на животот, кои што се стремат кон Господ. Благодатната состојба, која што се дава како дар, трае до тогаш, додека вниманието на човекот внатрешно е соединето со Бога.
До оној момент, додека вниманието на човекот е насочено кон Господ и Царството Небесно , тој гледа дека во сè почива Господ, тајно, без оглед на тоа дали човекот Го почитува или не. Тој е тука, во центарот на животот. Тој – е движење на животот. Тој – е Животодавец. До тој момент, додека вниманието пребива тука , во срцето на човекот, се сочувува тој внатрешен мир и Божествената радост, која најпрвин се дава како дар.
Старец Тадеј.
Христос се Вознесе.
Св. Јован Крстител, Јанковец.
За Преминпортал, Златко Дивјаковски