Свети Григориј Двоеслов, папа Римски
25/03/2008
Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но штом се упокои татко му, се предаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на папата Пелагиј го избраа за папа. Тој бегаше од таа чест и власт и се криеше по зафрлени места по горите, но Господ го поткажа на оние што го бараа со тоа што на местото каде што се криеше се јави огнен столб од земјата до небото. Беше необично милосрден. Сите свои приходи ги употребуваше за засолништа за бедните и за гостопримство. Често ги канеше бедните и им служеше на трпеза. Се занимаваше и со пишување корисни книги. Двоеслов или Собеседник се нарекува затоа што напиша книга со таков наслов, а во неа ги изложи добродетелите и чудотворствата на италијанските светители. Го состави и чинот на Литургијата на претходноосветени Дарови (Преждеосвештената Литургија), којашто се служи во средите и петоците на Чесниот Пост. Кога Св. Григориј седеше и пишуваше, неговиот архиѓакон Петар гледаше како над неговата глава лета некаков гулаб. Се упокои во Господ во 604 година.
Преподобен Симеон Нов Богослов 25/03/2008
Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави сѐ заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни. (Од Верскиот календар на МПЦ)
Фреска во параклисот на Марков манастир
Посети:{moshits}