Скопје, 25.05.2014 год. храм Свето Благовештение
Преподобен Исаија Отшелник-
Озборувањето е непознание на славата Божја и завист кон ближниот.
На 25-ти мај 2014 година, во Недела за Слепиот, кога Црквата молитвено го празнува споменот на светите Епифаниј, епископ Кипарски и Герман, патријарх Ерусалимски, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата отецот произнесе беседа.
Преминпортал(к.т.)