На 25. 5. 2014 лето Господово, на денот посветен на светите Епифаниј, епископ Кипарски и Герман, патријарх Ерусалимски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, изврши осветување на новоизградениот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Маврови Анови. По чинот на осветувањето беше отслужена и света Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Ова свечено торжество беше збогатено со присуство на многуброен верен народ од Маврово, Гостивар, Тетово, Скопје.
На светиот чин и Литургијата присуствуваше и министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија, г. Никола Попоски.
25-ти мај, лето Господово 2014
Извор: Тетовско- гостиварска епархија-
- Синиша Георгиев