Секоја недела за време на Велигденскиот пост, низ православните храмови во Детроитската метропола се извршуваат заеднички вечерни богослужби на православните клирици И верници од повеке јурисдикции под покровителство на COCC-Detroit( Council of Orthodox Christian Churches Of Metropolitan Detroit). Со заедничка богослужба каде националнат припадност нема значење , а нашиот идентитет се изедначува со православие, се исполнува Христовата заповед- “да се љубиме еден со друг, па така светот ке не познае дека сме Негови ученици”(со посебен нагласок на обичните верници-лаици).
Оваа недела од Великиот Пост посветена на светиот Григориј Палама, богослужбата беше во Храмот на Светиот Климент Охридски. Храм во кој мнозинството на парохјани се македонци, повеќето од првите генерации доселеници во САД. Храмот е под јурисдикција на Бугарската православна Црква!
Свестеник од МПЦ не служеше но затоа помеѓу верниците покрај “домашните” имаше и редовни посетители на вакви собири од парохјаните на нашата црква-Свети Георгиј Кратовски.
Би сакал да изразам јавна Благодарност до свестеникот о. George Shalhoub од Катедралниот храм на Антиохиската Православна Црква- Св. Марија во Ливониа , каде минатата недела(Недела на Православието) се одржа Вечерната богослужба. Благодарноста е за неговата
официјална покана до нашата црква и нашиот свештеник о.Димитар за учествово ова заедничко сеправославно богослужење!
Нашиот свештеник се облече во богослужбени одежди и застана во редот заедно со останатите свештеници.Тогаш некои од српските”свештеници” заедно со грчкиот почнаа де негодуваат и се бунат, условувајќи го нивното “богослужение “со богослужењето на нашиот свестеник.
О. Димитар мирно се повлече.
Известува:
чтец Марјан
Посети:{moshits}