Во недела од втората седмица на Светиот пост, во која молитвено го прославуваме светиот Григориј Палама,Архиепископ Солунски, во храмот Свети Спасе во Скопје отец Оливер во сослужение со проф. Јован Таковски и ѓаконот Спасе Таковски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Молитва:
Боже, Кој во минатото си говорел на татковците наши, пророците и светите на Црквата Твоја, говори ни и нам преку Синот Твој, Исуса Христа. Отвори ги срцата наши, та преку твојата помош непрестајно да го слушаме словото и да ја твориме волјата Негова. Амин
„На православието светилнику, на Црквата тврдино и учителу, на монасите украсу, на богословите непобедлив заштитнику, Григорие чудотворче, солунска похвало, на благодатта проповеднику, моли се секогаш да се спасат душите наши. “