„Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да Ѝ воспееме повикувајќи:
Радувај се, цвету на нетлението.
Радувај се, венецу на воздржанието.
Радувај се, образот на воскресението го заблеска.
Радувај се, ангелскиот живот го објави.
Радувај се, дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се, Ти Која во утробата Го носеше Избавителот на пленетите.
Радувај се, Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се, на Судијата праведен умоление.
Радувај се, на многуте согрешенија простување.
Радувај се, на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се, љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!“
Во петокот од втората недела од Великиот пост, на 21.03.2008 година, во црквата на Света Петка во Скопје, беше отслужено повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На службата присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.