Ноќта на Велипеток со бездомниците во Атина
19 април 2014
Доброволци од добротворната организација „Мисија“ при Атинската архиепископија во ноќта на Велики Петок – ноќ на Христовата смрт, посетија стотици бездомници по атинските улици. Иницијативата се нарекува „Мисија кај бездомниците“ и се спроведува веќе втора година. „Цел на служењето на доброволците од „Мисија“ е да ги поткрепат луѓето кои страдаат, да ги сослушаат, да им помогнат, да ја воскреснат нивната надеж“, изјави Коста Димца, претседателот на организацијата. Добротворната организација беше формирана пред една година на иницијатива на Атинскиот архиепископ Ероним и секоја седмица ги посетува бездомниците во различни реони на Атина; доброволците посетуваат од полноќ па сѐ до раните утрински часови. Младите луѓе раздаваат стотици пакети со храна, пијалаци, облеки, лекарства и др. Предвидено е оваа програма да се прошири и на другите делови на земјата.
Над 400 000 пасхални оброци ќе бидат раздадени од ГПЦ за прехрана на сиромашните, бездомниците и оние кои имаат потреба. 20 000 од нив се обезбедени само во атинските парохии. Оваа иницијатива наречена „Трпеза на љубовта“ се спроведува секоја година како резултат на успешната соработка помеѓу црковните и локалните световни власти.
Извор: Догма.гр
Извор: Бигорски манастир