Скопје, 8-ми април 2014 год.- храм на св. Петка
На 8- ми април 2014 година, во шестиот вторник од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Светиот Архангел Гавриил, во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче, отец Здравко Пејковски во сослужение на ѓаконот Јане Илиев ослужи Литургија на претходноосветени дарови. Бројниот верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш
повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од
постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него.
Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се
разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе
се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.( свети Силуан Атонски)
Преминпортал (к.т.)