Христос, радоста на сите, вистина,
светлина, живот и воскресение на светот, во Својата љубов се откри на
оние на земјата и Сам постана образец на нашето воскресение, дарувајќи
им на сите божествено проштение.
Утрена, Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Помирувањето со непријателот го смилостивува Бога, го прави благонаклонет спрема нас и лесно не избавува од гревот...
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Боже, Отче наш, читајќи ги зборовите на љубениот Син Твој и Господ наш
Исуса, „по плодовите нивни ќе ги познаете“, се молиме: прими го нашиот
скромен труд на христијански живот и христијанска љубов и покажи ни го
патот на Твојата љубов во сите наши дела, мали и големи. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 48, 17-22; 49, 1-4
Битие 27, 1-41
Соломонови Изреки 19, 16-25
Созерцание: Вака
вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог
твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да
одиш.
Исаија 48, 17
Подготви: А.Л.
Преминпортал, лето Господово 2014