Скопје, 4- ти април 2014год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 4-ти април 2014 година, во петтата недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на светиот свештеномаченик Никон и преподобен Никон Печерски , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, свештенството на храмот отслужи повечерие, и послдниот, петтиот канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На ова петто по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија на над стотина верници.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка
песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината
на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој
светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката
Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод
зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба
кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“