Скопје, 5-ти март 2014 год.- храм на св. Петка
Постејќи
со телото, браќа, да постиме и со духот. Да се ослободиме од секоја
беззакона врска; да раскинеме секаков насилно направен договор; да ги
искинеме неправедните споразуми; да им дадеме леб на гладните и радо да
ги прифатиме под покривот сиромасите бездомници, да примиме од Христа
Бога голема милост.
Вечерна, Чиста среда
На 5-ти март 2014 година, во првата среда од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на свети Лав, епсикоп Катански и светиот свештеномаченик Садок , во храмот на св. Петка во населбата Црниче во Скопје, отец Јован Ристовски ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. Многубројниот верниот народ, по Тримерот (кој траеше 2 дена) се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2014
Друго:
Литургија на претходно осветените дарови