„...Еве веќе денес насекаде низ целата православна Екумена се прославува споменот на една од најголемите победи во историјата на човештвото и православието а тоа е победата на свештенството, монаштвото и верниот народ над иконоборството.Денес е величенствениот ден кога светите икони и мошти триумфално биле вратени во храмовите каде што припаѓаат и каде што им е местото.
Во време на владеењето на царот Лав III Исавријанец според сведоштвото на Астериј Амасијски поедини свештеници и верници стружеле од бојата на иконите па ставале во светата причест, некои служеле света литургија наместо на престол врз светите икони, се случувало некои од нив иконите да ги земаат за кумови при светото крштение или за старци при монашкиот потстриг. Поттикнат од сево ова а воден од заповедта која ни е дадена во Стариот Завет да не правиме идол од ништо што е на земјата под водата или горе на небото да не им се поклонуваме и служиме царот Лав ИИИ заедно со своите истомисленици во 726 год ги забранил за употреба и ги исфрлил светите икони од храмовите..Гонењето на христијаните особено се зголемило кога на царскиот престол дошол Константин Копроним синот на Лав ИИИ кој бил уште посуров од неговиот татко и за негово време се промениле три патријарси кои во целост му биле потчинети, а прогонувањата на иконопоклониците се споредувале со гонењата што се случувале во времето на Диоклецијан. Константин свикал и икноборечки собор на кој успеал да го отфрли и почитувањето на Мајката Божја забранувајќи Таа да се нарекува ,,СВЕТА.” На овој собор на анатема биле предадени заштитниците и исповедниците на православието од тоа време:светиот патријарх Герман, преподобниот Јован Дамаскин кој напишал три апологии за одбрана на иконите и светиот Георгије Кипарски. Царот со неговите истомисленици сурово го измачувале верниот народ, на иконописците им ги гореле рацете, на монасите им биле кршени главите врз иконите тие за на крајот да ги исфрлат и иконите од храмовите но сепак не успеале да ги победат и исфрлат живите икони од богоподобните луѓе кои со голема вера во Бога и во исправноста на иконопочитувањето стоички успеале да ги издржат сите страданија за верата Христова. Зборот икона е грчки збор кој во буквален превод значи слика, а во теологијата се толкува со слика која го предобразува Христовиот лик, или уште го означува христоподобниот лик на светителите на кого всушност ние и му се поклонуваме и го славиме, што било нагласено и во оросот за почитувањето на иконите донесен на Никејскиот собор каде што се вели:,,Кој се поклонува на иконата се поклонува на лицето /ликот,образот/на оној кој на неа е насликан. Во 787 година царицата Ирина по инсистирање на Цариградскиот патријарх Тарасиј, свикала Вселенски Собор за да се воспостави повторно нарушеното единство во православната црква и да се исцелат раните кои иконоборците му ги нанеле на телото на црквата Христова. “
Во денот кога Светата Црква го слави споменот на светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск и света Пијамука Мисирска, во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Фото: брат во Христа, Славе Т.
Посети:{moshits}