Маркова Сушица, 15.02.2014 год.- Марков манастир
На 15-ти февруари 2014 година,во Неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Сретението Господово,во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Маркова Сушица, јеромонахот Атанасиј Арсоски одслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”. Значи, кога ќе го направиме ова, и да сакаме да го задржиме тракатанецот, нема да остане бидејќи не е глупав да работи напразно, а воедно да ѝ прави добро на нашата душа.
Preminportal (k.t.)