(Извадок)
Многу е приајтно да се види дека во куќата имате жива и добра помошничка. Ќерката која го чува мајчиното спокојство е благословена. Синот пак кој не ја почитува мајката како што треба и на се грижи за нејзиното спокојство, го заклучува небото над себеси и го пресекува спуштањето на благословите Божји од таму.
- Реката на нашиот живот се пресекува со разбрануваната област на младоста. Тоа е клучно време на телесно – духовниот живот. Тихо живеат детенцето и момчето, малку има силни поривите кај зрелиот маж, уважените старци тежнеат кон спокојство; само младоста го разгранува животот. Треба да се има многу цврста потпора, за во тој период да би им се оддолеало на налетите на брановите, Тој што безбедно ги поминал младешките години, тој како да препливал, распенета река и завртувајќи се наназад го благословува Бога.
Во училишното воспитување допуштени се нехристијански начело кои ја расипуваат младината; во општеството се вовлекле нехристијански обичаи, кои ја развратуваат младината по излегувањето од училиште. И ако, по зборовите Божји, секогаш се малку избрани, тогаш не зачудува што во наше време се уште помалку: таков е духот на векот – противхристијански!
- Што ќе биде понатака? Ако не се промени нашиот начин на воспитување на младината и општествените обичаи, вистинското христијанство сè повеќе и повеќе ќе слабее, за на крај сосема да би исчезнало; ќе остане само името христијанско, а христијански дух нема да има. Сè исполнил духот на светот. Што да се прави? Да се молиме...
9-ти јануари. лето Господово 2014