Официјалниот сајт на Кумановско-осоговската епархија достапен и на руски јазик
Ни претставува чест и задоволство да ве известиме дека од денес, содржините на официјалната веб презентација на Кумановско-осоговската Епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе бидат достапни и на руски јазик.
Во интерес на големиот број посетители од руско-говорните држави, новостите поврзани со животот на нашата Свештена Епархија ќе бидат преведувани и на руски јазик.
Добро пожаловать!