Марков манастир – Богојавление
Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во Маркова Сушица на 19 јануари 2014 г. на празникот Богојавление се одслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата присутните во торжествена литија се упатија до Маркова река каде јеромонахот Атанасиј Арсоски изврши водосвет. Игуменијата на Манастирот Илијана и сестринството возљубено ги дочекаа верните.
Бог се јавува за да ни се обзнани, да поверуваме, да се преумиме и тргнеме по патот на спасението. Синот Човечки се понижува и во човечко тело го изодува својот pат до смртта на Крстот за да нѐ увери и охрабри дека и како луѓе можеме да Го следиме. Во тоа ја имаме Неговата поддршка во секој миг.
Синот нѐ храбри да влеземе во прекрасната секојдневна авантура на живот со Него, по Него и во Него.
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев
19-ти јануари, лето Господово 2014