логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 

 

 „Владетелу Господи Боже наш, извору на живот и бесмртност, Творецу на сета видлива и невидлива твар, Ти времињата и годините си ги ставил под Своја власт, и со седобрата промисла управуваш над сите. Ти благодариме за Твојата добрина, што си ја излил на нас во изминатото време од нашиот живот; Те молиме, семилосрден Господе, благослови ја годината што настапува со Својата добрина; сочувај ги Своите возљубени слуги, благоверните и христољубиви православни христијани; умножи ги деновите во нивниот живот во ненарушено здравје, и дарувај им успех во сите добродетели...“ (дел од молитвата на Нова година).

На 14.01.2014 година, прославивме два големи празници: Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и светиот Василиј Велики. На овој ден го празнуваме и почетокот на Новата година, во која Му заблагодаривме на Бога за исполнувањето на Неговата волја во изминатата година, но, и измоливме од Господа, Он повторно да е со нас во Новата, да го обнови вистинскиот дух во нашите срца и да нè утврди во православната вера. По повод овие големи празнувања, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Саше Целески. По завршувањето на Литургијата, се отслужи Молебенот на Нова година, а беше прекршен и празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашиот живот е сличен на патник. Патникот има обичај да застанува, да го свртува својот поглед кон изминатиот пат, размислувајќи за изодениот пат. Одморен, тој се покренува повторно напред и размислувајќи, го продолжува останатиот пат. Минатата година ни подари многу нешта: и радосни и жалосни, и убавини и маки. За многумина, минатата година беше година на радости, а за мнозина година на жалости, лишување од убавини и неисполнување на очекуваното. Но, без да се задржуваме на сето тоа, ние денеска сме обврзани да Му искажеме благодарност на нашиот Небесен Отец за изминатата година.

А како се прави тоа, ние го имаме прекрасниот пример за праведниот Јов, опишан во Стариот завет. Овој праведен човек бил сецело предаден на Божјата промисла. Тој Му искажувал благодарност на Бога и кога бил богат, силен и моќен, но и кога ќе биде безначаен и оставен од сите луѓе. Тој никогаш не се откажувал од Бога и не заборавал да се заблагодари за сè што Бог му дал. Овој праведник уште се нарекува и многустрадален. Тој, по Божјо допуштение, ги изгубил синовите и ќерките, како и големиот имот, а самиот страдал и лежел болен од лепра. Поради опасната и заразна болест бил исфрлен на буниште, каде поднесувал разни маки и болки. Нему му се потсмевале неговите другари и пријатели, а неговата жена го убедувала да похули на Бога, па да умре. Но, Јов, и во ваква тешка положба, не се огрешил на Бога. Тој не престанал да Му благодари на Бога и да Го восхвалува со благодарност и со восклик: „Господ даде, Господ го зеде. Нека е благословено името Господово!“ (Јов 1, 21). Така треба да постапува и секој христијанин.

Ние го пречекоривме прагот на времето и влеговме во нова година. Новата година е дар Божји, дар на Неговата љубов и милосрдие. Господ ни ја дава новата година чиста и неизвалкана, а во нејзиниот тек, можно е сè да не снајде - и добро и лошо, и здравје и болест. Какво ќе биде времето што настапува, тоа го знае само Единиот Бог. Затоа ние сме должни да Му вознесеме благодарност за сите Негови доброчинства што ни ги дал во минатата година и да испросиме од Бога благослов за годината што настапува. Таа настапува и ќе се исплетува и преплетува под нашиот труд, а од тоа ќе зависи какви ќе бидеме ние, но и каква ќе биде таа. Колку добри работи ќе направиме во неа, толку и добрини ќе има во истата. Колку неправди и зла – со толку неправди и непријатности ќе биде исполнета.

Ние денеска дојдовме во овој свет храм да се помолиме на Бога. Се поставува прашањето: што треба да бараме и да молиме од Бога на почетокот на новата година? Би требало да се молиме Господ да ни помогне новата година да ја започнеме со нов христијански живот, исполнет со добродетели. Добродетелите се украс на човекот и тоа е негова природна потреба. Добродетелниот живот ни помага да го задржиме во себе вистинскиот образ и да го стекнеме подобието Божјо. Добродетелениот живот е најубавиот дар на Господа Исуса Христа, а тој е и единственото и вистинско средство за нашето спасение.

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, со Неговите заповеди ни ја дава програмата, односно начинот како да го направиме нашиот живот добродетелен. Он вели: „Но, барајте го најнапред Царството Божјо и неговата правда, и сето ова ќе ви се придаде“ (Мт. 6,33). Во последните зборови: и сето ова, се мисли на сите материјални добра во нашиот живот.

Затоа е потребно во новата година да го примениме ова правило и сето наше внимание да го насочиме кон Господа Христа. Тоа значи почесто да читаме и слушаме за Господа Исуса Христа, подлабоко да проникнуваме во Неговото учење, да гледаме на Неговите свети икони и постојано да се молиме и непрестајно да го славословиме името Божјо. Во познавањето на Исуса Христа е нашиот свет и смислата на животот; во молитвата кон Него е сето наше спасение; во Неговото славословие е сето наше блаженство. Да се повериме на Него во новата година, за да можеме да одиме кон Господа, како што и апостолот Петар одел по водата, гледајќи го лицето Господово, а не обрнувајќи внимание на разбрануваното море. Да одиме со цврсти и непоколебливи чекори на верата кон безграничното совршенство во Бога, со надеж и со барање сè што ќе се случува во новата година да не биде според нашето барање, туку според волјата Божја.

Да измолиме од Семилостивиот Бог нашиот живот во оваа година да биде песна за Бога. Да направиме во нашиот живот името Божјо да е благословено, затоа што тоа е големо и светло во сите времиња и помеѓу сите народи. И доколку се надвисат над нас црни непријатни облаци, уште посилно да се доближиме кон Христа и од Него да бараме помош и заштита.

Како што знаеме, денеска светата Црква прославува и еден од големите учители на верата, големото светило на Кападокија, светиот Василиј Велики. Тој, со својот живот, труд и дело, бил сецело предаден на Божјата волја. Затоа Бог го обдарил и го подарил на светата Црква да биде учител во овие 17 изминати векови.

Тука не можеме да го испуштиме и големиот угодник Божји, светиот Јован Златоуст, Архиепископот Цариградски. Тој, исто така, ја задолжува светата Црква со многу пишани дела, во кои ја брани и утврдува православната вера и догма. Таа негова цврстина и непоколебливост во исповеданието му приредува големи маки, страдања и прогонства. Свети Јован неколкупати бил и симнуван од Цариградскиот архипастирски трон, а својот живот го завршил во прогонство. И покрај сите овие животни страдања, тој останал верен следбеник на Христа, до своето последно издихание, но и со благодарност на Бога, Кого Го воспевал: „Му вознесувам слава на Бога за сè“.

Токму од овие примери треба да се поучиме и ние да Му бидеме благодарни на Бога за сè што ќе ни даде во годината што настапува. Да се обратиме со искрена молитва и кон свети Климент Охридскиот Чудотворец, патрон на овој свет манастир, тој, заедно со свети Василиј, да биде наш молитвеник и застапник пред Бога. Господ Бог нека ни ја благослови новата година, нека ја исполни со добри и благородни дела, а за Негова прослава и за наше спасение, сега и во сите векови. Амин!

14.01.2014 година
свети Василиј Велики
ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид 

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная