Празникот на Рождеството на нашиот Господ, Бог и Спасител, Исус Христос,
се приближува и нестрпливоста на светот расте. Некои од луѓето
стравуваат дека празникот е придружен со преголема доза на
комерцијализам. Други, пак, се плашат дека религијата уште еднаш ќе ги
нападне нивните грижливо заштитени секуларни простори. Ова се само
најизразените грижи – преголемата зафатеност ги проголтува нашите
животи. Се сеќавам на зборовите на ликот на д-р Сеус, од Гринч: „Морам
да го сопрам доаѓањето на Божик!“
Многумина христијани на Божик гледаат како на нешто поврзано со
историјата – тоа е раѓањето Христово во овој свет – и на Божик се гледа
како на сите други историски настани. Се посветува грижа на вистинската
година на Неговото раѓање (некои велат 4 век пред Христа, некои бележат
други датуми). Други ќе се преоптоварат себе си со анализа на тоа што
мудреците го виделе (дали било ѕвезда, комета, или нешто друго?). Сè на
сè, современите христијани врзани во историскиот модел, се наоѓаат во
дефанзива. Затоа што тие празнуваат историски настан, и се чувствуваат
нападнати од оружјата насочени од оние кои имаат објавено војна на
христијанската историја. Тие мораат да го сопрат доаѓањето на Божик.
Повеќе