·
АЛАРМАНТНО : Чипувањето на новороденчињата во Европа тргнува од месец мај 2014 . ?!
Чиповите во телата на новороденчињата ќе се вградуваат, како што се
наведува, заради се` поголемиот број изгубени деца, па чипот би
требало да помогне во нивното пронаоѓање, но, и заради полесно
купување и продавање и пренесување на податоците!
Ако може да `и се верува на италијанската интернет страница
CorrierediRoma.it, но и според некои германски и француски извори,
оваа година Европа, но и останатиот свет ќе се соочат со
исполнувањето на најстрашното Библиско пророштво .
Станува збор за „жигот на ѕверот“ пророчено во книгата на Откровението
, а според кое луѓето ќе бидат присилени да го вградат во своето
тело. Токму ова го најави порталот како факт за мај оваа година.
Иако за чипувањето на луѓето и порано е пишувано и се претпоставувало
така, општо е познато дека во Америка веќе со години чиповите се
тестираат на одредени групи на луѓе, (психијатриски болни,
затвореници...) и други луѓе кои доброволно се согласиле да примат чип
во своето тело.
Неговото масовно имплементирање, иако најавено и одобрено уште од пред
неколку години, секогаш е попречувано или се одвивало во тајност со
образложение дека тоа е само - вакцина!
Оваа страница го најавува чипувањето на новороденчињата овој пат на
просторите на Европа и тоа заедно со вакцината која што новороденото
дете ја прима првиот ден по раѓањето во болницата.